РАСОЛОТ Е БОМБА ОД Ц ВИТАМИН

kisela zelka

Зелката е една од ретките, ако не и единствен зеленчук на кој човекот успеал да í ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу здрава. Преку киселењето (ферментација) се создава витаминот Б12, кој, инаку, го има само во намирниците од животинско потекло. Затоа киселата зелка е неизоставна намирница за вегетаријанците.

Истражувањата потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц), повеќе од лимонот. Таа е богатство од витамин Б6, без кој инаку протеините нема да се искористат. Киселата зелка е богат извор на витамин Б3, потребен за метаболизамот, енергијата и размената на материите во мозокот.

Расолницата е пијалак кој се препорачува како лек за тегоби поврзани со варењето и како народен лек за смалување на отоците на зглобовите. Расолницата е и пијалок против алкохолот. Мамурлукот од алкохол лесно се надминува со чаша расолница. Помешан со сок од морков и репка, расолот е одличен против недостатокот на калциум. Се препорачува на жени во средни години против остеопороза.

Покрај тоа, расолот го подобрува расположението,г о прави организмот отпорен на стрес, ја активира размената на материи во мозокот, помага при создавањето на црвени крвни зрнца, ја стимулира работата на клетките и подмладува, помага за зајакнување на коските, го намалува холестеролот,  го зајакнува имунитетот и силата на мускулите и придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткив.

Познато е дека сокот од пресна зелка успешно лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево.

Loading