ЦВЕКЛОТО ГО ПОПРАВА РАСИПАНИОТ ОРГАНИЗАМ

cveklo

Истражувањата покажуваат дека цвеклото го чисти црниот дроб, организмот од токсини и другото ,,ѓубре,,, отстранува опстипација и други проблеми со цревата. Спречува развој на малигни тумори. Со готвење се губи дел од лековитоста. Се препорачува да се консумира свежо. За дневните потреби доволно се пет цвекла со средна големина.

Овој зеленчук е чистач на организмот. Содржи најмногу минерали и витамини меѓу кои и реткиот Б12. Тоа е најкорисен и најлековит зеленчук кој содржи  и белковини, масти и јаглехидрати, што организмот лесно се вари. Од минерали содржи речиси се – калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром. Од витамини најзастапени се Б1, Б2, Ц, како и реткиот витамин Б12.

Црвената боја потекнува од антоцијанинот. Тој влијае на обновувањето на крвта. Цвеклото има антиканцерогени својства. Потврдена е лековитоста при деминерализација на коските и забите. Присуството на јод го прави скапоцен лек против артеросклероза и процесот на стареење. Големата лековитост доаѓа од состојките бетанин и бетаин, кои поттикнуваат размена на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните садови во добра состојба и ја поттикнуваат работа на црниот дроб.

Цвеклото е корисно во лекувањето на слабокрвност кај децата и млади, бидејќи содржи висок процент на железо. Поволно делува на перисталтиката, бидејќи содржи целулоза и пектин. Делотворно е и кај најтешките заболувања.

Loading