7 МАРИФЕТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЈАЈЦА

jajca

Јајцата се ослободени од лошата репутација дека дебелеат, содржат холестерол… Сега се сметаат за вредна намирница. Тие држат ситост со часови и благодарение на протеините помагаат за конзумирање на помалку калории во текот на денот.

1. Печени јајца и компир. Печениот компир, со соодветен прилог, е одлично јадење, покрај едноставноста за подготовка. Освен компир потребни се и јајца. Откако ќе се испече компирот со масло или путер, цел или преполовен, 30-тина минути на 200 степени во рерна, се издлабува во средината, доволно да се формира простор за јајцето. Се става јајцето во длабнатината и се пече уште неколку минути. Се зачинува по вкус.

2. На забавен начин се дели жолчката од белката. Потребно е пластично шише кое кога ќе се притисне од страна, вишокот на воздух станува мал вшмукувач. Со отворот на шишето благо притиснете ја површината на жолчката и подгответе се за изненадување.

3. Од пиперка и кромид се прават калапи за пржење јајца. Круговите од покрупна пиперка се ставаат на тава за пржење. Во калапот се тура  маткано јајце, откако пиперката малку ке се пропоржи. Исто се прави и со кругови од поголема главица кромид.

4. Лесно се лупат варени јајца ако ја скрше лушпата на врвот и на дното. После се дува од една страна. Кората под лушпата се одлепува од белката. После е сé лесно.

5. Јајцето со зачини се завиткува во пластична фолија премачкана со масло. Се става во вода која врие 5 минути. Истиснете го воздухот од кесичката да не лебди.

6. Јајца со лушпа, за промена испечете ги во рерна. Се редат јајцата во караванче и се печат на околу 160-170 степени 30-тина минути. Вака се подготвуваат повеќе јајца без чекање водата да зоврие.

7. Испечете јајца во домат. Калапите за печење се прават и од домат. На доматот се сече врвот, се трга ,,капачето,,, се вади внатрешноста и се става јајцето во средината. Сето тоа се пече неколку инути. Пред крајот се додава во околината и остатокот на доматот со малку масло и мерудии по вкус.

Loading