ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова  цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

Глава 2

Вечерта се расчистило. Бригадата тргнала во акција по својот предвиден план. Кире каде што се засолнил од невремето и заспал. Кога се разбудил веќе бригадата не била каде што ја оставил. Кире го прошетал целиот сињор на с. Крстец, не ја сретнал бригадата. Го фатила паника без причина дека ја напуштил единицита во таква воена ситуација и никој не ќе му верува.

Се вратил во с. Крстец, ги прашал неколкуте селани дали ја виделе бригадата со македонски војници. Селаните му одговориле: Момче, бригадата која ти ја бараш не ја видовме, утринава забележавме азотска чета со кокарди и бради, пази се да не те сретнат наоружан со пушка, ќе те убијат сместа. Момче од нас имаш совет, да си одиш дома во Марул и да се пријавиш во вашиот одбор за позадина, тие ќе ја средат работата со тебе.

Кире го примил нивниот совет, ја нарамил пушката преку Плетвар, Лениште, Селце, Волкосело, слегол долу, го фатил патот мариовски, под Штавица, ги фатил штавичките ливади, Преслап во раното утро си дошол во Марул. На домашните му ја раскажал сета работа, го пријавиле во селскиот одбор за позадина за да ја завршат сета работа за овој случај.

Одборот за позадина од Марул не можел веднаш да стапи во контакт со раководството за мобилизација во Прилеп. Со повторното влегување на германската војска во Прилеп се измениле повеќе работи, сите основани народни одбори кои функционирале од 9.09. 1944г. отишле во илегалство. Кире дома во Марул не се појавувал во јавност од мислење да не се побунат своините што ги испратија војници со него.

Веќе стигнало писмо од Штабот од бригадата кај Колевци во Марул во кое пишувало: Мојсоски Кире се изгуби од бригадата, не се најдени негови смртни траги. Ако е жив и дојден дома, да ја донесе пушката во одделението за мобилизација во Прилеп. Кире свати дека е виден со прва од комшиите Петре и Петрејца Митра Николоски, тие се секој ден кај Колевци. И сега мисли да им направи освета над нив. Прво ќе ги очистам нив, после ќе се убијам сам, размислувал Кире. Ја зема пушката полна муниција, се маскира во гојдарникот, го отвора прозорот на гојдарникот до патот за нишанење и ја чека првата жртва од Николовци за освета. Кире ги чека Петре и Митра или да дојдат во близина на колескиот гојдарник. За случката со Кире разбрал неговиот внук од сестра му на Кире, Коце кој живее во Скопје и работи во македонското воено аташе илегално.

Еден ден внукот Коце доаѓа во Марул кај Колевци за да ја испита работата со вујко му Кире. Неговите домашни, на Коце му ја раскажале сета работа со Кире и му кажале каде моментално се наоѓа. Дојде Коце во гојдарникот кај вујкото Кире, ја опишале сета ситуација со настанот со Кире. Коце му напиша едно писмо и му рече: Вујче со ова писмо и пушката ќе ги предадеш на народната власт во станицата во с. Алинци.

Наредниот ден Кире ги зема писмото и пушката и во раните утрински саати по патче преку Големо брдо, Бошеј ридови, преку Каракамен, Комарчани отиде на станица во с. Алинци. Го зедоа писмото, го разгледаа и пушката и му рекоа сега си слободен. Така направил, се вратил дома и никогаш повеќе властите не го повикале на одговорност. Киревата намера против Николевци не излегла во јавност, ситуацијата се смирила, комшивските односи си продолжиле нормално како и дотогаш.

Дополнително кажувано од синот Благоја за Кире. Како што кажуваше синот Благоја позивот за мобилизација кај Колевци бил за Колески Веле, а не за Кире кои живееа во заднина до 1948 година. Крсте, очувот на Кире , стрико на Веле си смисли посебен таен план. Наместо да оди Веле војник го пријавиле посинокот Кире. Законски било одредено помладиот во куќата да биди мобилизиран. Исто така сметајќи ако Веле загини има четири деца, проблемот ќе биди поголем. Ако загини Кире проблемот е помал, има две деца. Сугурно и си смислил крвта вода не се прави, посинокот е посинок, додека внукот е крвно поблизок.

Војната со времето заврши. Кире по време си дознава дека позивот е фалсификуван и во куќата меѓу Кире посинокот и Крсте очувот понекогаш имало нагодување како е внукот помил од посинокот се до смртта на очувот Крсте во пролетта 1953 година. Кире и Веле и како деленици многу убаво си живееле. Никогаш не се слушна лошо меѓу народот за нивните комшивски односи. Кире во разговорот стално го велеше Велко, кардо мој. Ете така заврши работата со Колески Кире.

Со Кире бевме многу блиски пријатели, многу се дивеше од стригот на моите јагниња и стално ми викаше да му ги стрижам неговите јагниња. Кире редовен војник бил во Кралска Југославија од 1930 – 32 – 1934г. Се ожени за Велика Симоновска во с. Ношпал. Родија четири деца, Благоја 1935г., Дуна 1940г., Љуба 1945г., Мара 1952г. која умре 1952година.

Глава 3

Синовите му служат во македонската војска, на родителите вперен пиштолот в уста.

Со доаѓањето на бугарската окупација, Македонија 1941 – 1944 година, по нивна пропаганда си донесле своја администрација, војска, полиција, просветни учители, свештеници итн. Ни збор да речат да спомнат за некаква инвалидска оштета за Македонците кои служеле во бугарската војска 1915 – 1918 година.

Наставниците бугарски биле толку груби, учениците ги тефтишеле физички и психички, ги тепале со прачка по рацете, ги клавале да клечат со голи колена на пченка и грав затоа што не го знаеле мајчиниот бугарски јазик.

Жителите во градовите животот го живееле со купони кои не биле доволни за животот ни до половината на месецот. Од таа причина многу жители од градовите фамилијарно оделе во селата кај свои роднини и пријатели работејќи таму заедно со домаќините и си обезбедувале егзистенција за живот на своите фамилии, некои поединечно за себе.        

(продолжува)

Loading