ЗИМСКИ РАЈ

Банско, Бугарија

– Паметно менаџирање со сретствата е клуч до успехот

bansko 1

Распослано под пазувите на Пирин планина, Банско, родното место на Никола Вапцаров и местото каде што Гоце Делчев бил учител, пред дваесетина години изгледаше како другите мали места во Бугарија. По влезот на источниот сосед во ЕУ, Банско доживува туристичка експанзија. Не се чувствува дека Бугарија е сиромашна членка на европското семејство. Во општинската каса се слеваат 16 милиони евра од туризам. Градот кој својата нагорен од го живее последнава декада, успешно црпејќи европски пари, се носи рамо до рамо со светските зимски туристички центри. Планинските врвови во близина, бројните езера, боровата шума, гастрономијата веќе се препознатливи атракции. Може да се ужива и во планински велосипедизам, скијање, рафтинг, стрелаштво, лов, пешачење по прекрасните планини, разновидни традиционални јадења, пејзаж и уште многу друго што воодушевува. Се наоѓа во прегратките на националниот парк Пирин, на големо парче од бесценетата природа. Оваа планина е именувана по возвишениот бог на словенскиот пантеон и богот на громот и молњата. Од најфасцинантниот врв Тодорка се доживува драматичен видик на градот. Зимскиот центар располага со 75 километри скијачки патеки, лифтови, ски училишта, ски опрема, забавен парк. Сé за зимски одмор. Оние кои не скијаат, уживаат во топла чаша чај или кафе н на сончевите и снежни тераси на кафетериите, наречени бачила. Мамат подготвените снежни терени, прекрасната природа, старата култура и одличната забава. Рестораните и ноќните клубови нагостуваат до незаборавно зимување и желба уште за една авантура која никој не сака да престане.

bansko 2

Изградени се стотици хотели. Индивидуалните куќи се претворени во пансиони. Работа има не само за жителите, туку и на илјадници луѓе од од соседството. Банско стана модерен туристички центар, најпосетуван во регионот и во зима, ама и во лето. Гравитираат туристи од земјата, но и од светот. Со модерната жичарница, се претвори во топ дестинација за туризам на Балканот.

Паметната стратегија ги валоризира природните потенцијали. Наместо згради, општината стимулирала градба на туристички капацитети и инфраструктура. Ништо не е направено со државни пари, туку со идеја на приватниот сектор. Ескпанзијата е плод на пријатната клима за инвестирање во која најмногу предничат Англичаните и Русите.

Банско асоцира на зимски спортови. Има гости постојано, преку целата година. Од приказната за ова мало но големо туристичко место може многу да се научи. Туризмот одамна не е само да се поседува природен потенцијал, туку да се понуди на светскиот пазар. Соочен со експанзија на градби на секој чекор, повеќе не никнуваат хотели, туку парите се трошат на инфрастуктурен развој. Градот претендира да биде и летна дестинација преку развој на културниот туризам. Летно време, во Банско, се одржува меѓународниот JAZZ-фестивал, кој е популарен. Се нудат и погледи на дел од раскошната планинска убавина, со свеж воздух и осетниот мирис на природата.

bansko 3

Сплетот на национален парк, стари сокачиња, традиционална архитектура, историја и традиција, со нови урбани хотелски комплекси и модерна инфраструктура со интересни ски патеки, го прават Банско еден од најпрестижните планински туристички дестинации во Источна Европа.

Loading