УМЕТНОСТ ОД ОТПАД

Изложба од Марија Дичова и Симона Манчева

Вечерва од 19.00 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложба од уметниците Марија Дичова и Симона Манчева. Заедничкиот проект се заснова на користење на отпадни материјали. Отпадокот како медиум и истражувањето при негово користење се заснова на различни гледишта во кои човекот во секој поглед е инволвиран во процесот на создавање. Делата опфаќаат некој општествено, социјален, интимен, психолошки и естетски момент. Отпадните материјали кои во обемност покренуваат многу прашања при нивниот процес на разградување, распаѓање и рециклирање и претставуваат проблем, во нивните колажи, инсталации добиваат нова димензија. Креираат уметничко дело, преку идеа.

-Истражувањата се засноваат на одредена идеја, тема, техника, материјал или медиум во кои човекот учествува во создавањето на делото, со тоа што неговиот одраз влегува во ликовниот концепт на делото. Покренам многу прашања за препознавање и за согледување на реалност – вели Дичова.

-Уметничките интереси се базраат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата. Преку истражувањата се обидувам да ги прикажам и разнишам стегнатите предрасуди и стереотипи ги јакнат границите на слободата. Истовремено се развие свест за остварување на своите права и задоволување на своите потреби – вели Манчева.

Двете уметници дипломирале на ФЛУ во Скопје и имале повеќе проекти.

Loading