ШЕСТИ ГОЛ НА НВАБУЕЗЕ

Фудбал

Со головите на Нвабуезе и Танушев, екипата нв Победа со 2-0 дома (во Кичево) го совлада Силекс. Ова е третпат есенва, кога прилепскиот тим победува со 2-0, а головите ги даваат Нвабуезе и Танушев. Нигериецот со американски пасош има 6 гола, а струмичанецот 3. Во тимот треба да се врати заздравениот голман Манчевски, кој на резервната клупа беше заменет од младиот Вурмески. Во средата, во Тетово, се одигра првиот четвртфинален куп-меч, Шкендија – Победа (0-1), а реваншот е на 25 ноември. В сабота е првенственото гостување кај Ренова во Тетово, потоа пауза до 22 ноември.. Табела: Шкендија и Вардар 28, А. Пандев 22, Победа и Работнички 17, Ренова 16, Беласица 14, Македонија ЃП 13, Шкупи 12, Силекс  11.

Во Втората лига – Исток Партизан дома со 1-2 загуби од штипска  Брегалница, а в недела гостува на лидерот Борец во Велес. На табелата обршанците се на 7 место.

Loading