ДОПАТУВАА ОД ОХРИД ЗА ДА НАВИВААТ 5 МИНУТИ

Ракомет

Тимот на Прилеп е за класа послаб од Охрид, но малку недостигаше да ги освои трите бода во салата ,,Ричко,,. Не со игра, бидејќи гостите победија со високи 21-39, а водеа од почетокот со заслуга на навивачите – охридски! Гостинските ,,Рибари,, влегоа во салата во 20 минута од првото полувреме, при резултат 7-13. Со громогласни скандирања ја вжештија атмосферата, но за кусо. По само 5 минути реакција на судиите со светско реноме, Начевски и Николов, кон кои најверојатно имало некоректно навивање. Тие побараа да се отстранат охридските навивачи од салата. Со помош на полицијата тоа се случи. Тоа се денешните навивачи: ,,тепаат,, пат по два часа наваму и натаму и – зошто? За да навиваат само 5 минути. Натпреварот мирно продолжи до крајниот резултат. Викендов Прилеп гостува на Пелистер во Битола, а в четврток дома со Пролет.

Женскиот состав на Деспина стигнаа до третиот триумф, со 21-29 кај Овче Поле во Свети Николе. Стрелци: Л. Рипилоска 8, М. Камческа 7, А. Камческа 5, Димитрова 3, Крстевска и Седлоска по 2, Боризоска и Цветкоска по 1. На табелата има прогрес од 8 кон 7 место. Вчера беше мечот дома со фаворитот Металург, в недела со Стружанка во Струга.

Loading