СЕЧКАЊЕ КРОМИД БЕЗ СОЛЗИ

Лупењето кромид ги иритира очите до капење солзи. Како да се избегне оваа непријатност?

Кромидот предизвикува солзење, бидејќи апсорбира сулфур кој произведува супстанца, која, при сечењето, се испушта и ги иритира нервните завршетоци на окото, особено рожницата. Солзите се резултат од реакција на организмот на туѓа материја. Затоа почнуваме да плачеме.

Трикови за сечење кромид без плачење.

Се држи растојание додека се сече кромидот. Не се приближува лицето многу и не се тријат очите со прстите.

Кромидот не се сечка нелупен.

Лушпата веднаш се фрла в ѓубре да се спречи брза иритација.

Излупениот кромид се става под млаз ладна вода или во сад со ладна вода.

Пред сечењето ножот се става во замрзнувач десетина минути. Ова не е ,,бабина деветина,,, оти помага за намалување на иритацијата.

Пред сечкањето ставете го кромидот половина час во замрзнувач. Ладното ќе го намали и ќе го забави процесот на солзење.

На штичка за сечење се ставаат кругови од лимон и се сече кромидот. Ова помога и за ослободување на мирисот од штичката.

Се полни половина чаша со вода и се додава оцет. Излупената главица, пресечена на четири дела, се прска со разредениот оцет пред ситното сечкање.

Loading