ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul

 

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова  цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

Глава 2

На 26 септември 1944 г. после пладне од Лерин преку Битола во Прилеп влезе моторизираната германска војска и ги зазеде прилепските касарни. Народноослободителните одбори и други административни служби престанаа да работат јавно. Отидоа во илегала. Македонските воени бригадите беа истиснати надвор од Прилеп. Единиците вечерта се  судрија со германската војска. Десеттата македонска бригада го држеше положајот према касарните и настојуваше да ги заземи во свои раце. Во тој судир бригадата беше одбиена од германската војска.

Во ноќната борба, покрај паднатите борци од бригадата, падна убиен и Велјан Новачески од с. Марул. Беше погоден од германските митралески рафали. Мму изгореа алиштата на Дончо Ѓорѓиоски Јанкоски исто така од с. Марул. На четвртиот ден после убиството на Велјан кај Новачевци дојде депеша, абер, вест. Наредниот ден неговата жена Цена, брат му Јован и Павлинка, ќерката на Јован отидоа во Прилеп за распознавање на отепаниот Велјан.

Велјан бил откопан, Веќе го нападнале црвјето. Препознат е во неговите алишта, по половерот и грпката направена од жена му Цена. Убиените борци во борбата беа погребани на јужната страна од градските гробишта во длабокиот дол, обраснат со багреми, покрај мариовскиот пат што влегува југоисточно во Прилеп, на спротивната страна од Могилата на непобедените. Мислам местото се вика Крсто. Тоа место беше лошо за одење, поготово кога беше врнежливо.

За време на прославата на 20 годишнината од востанието, на 11 Октомври 1961 г., се направи Могилата на непобедените. Местото со длабокиот дол го израмнија, го наполнија со земја. Гробовите и крстовите ги отстранија, нивните мошти ги преселија во Алејата на Могилата. На крстот од бел камен напишани се податоците за Велјан Новачески, донесен е во новаческите гробишта во с. Марул. Има една грешка направено за презимето на Велјан во Могилата. Наместо да стои Новачески Велјан стои Нечески Велјан 1923 – 1944 г. Жената на Велјан, Цена, ќерка му е на Трајан Мамалига од с. Мојно, мажена за Велјан во есента 1941 година. Велјан и сестра му Таса, мажена за Трајан Саљобутески во с. Штавица свадбите му се во еден ден. Земање и давање. За тој случај често имаше приговарање меѓу марулчни, небаре во тоа била несреќата дека Велјан загина.

Велјаница Цена останува црна вдовица, осамена, убаво и било кај Новачевци, имотни во Марул, богато со нејзини и негови роднини. Има тетка, на татко му сестра, Крстејца Јанкоска Дуна, две баби, тетки на татко и Трајан сестри на татко му. Здравеска Стојаница Чона и нејзиното потомство и Колеска Крстејца Митра. Во Марул нема потомство, го оставила на татковнината, кај нејзиниот умрен маж Толески Божин во с. Чумово, прибратот на тетка е Дуна, Павлески Ванчо, Дамјаноска Петкана мажена за брат и Методија. Сепак мислата за заминување од новаческата куќа ја има, бидејќи ги изгубила нејзините намили, детето Севда и мажот Велјан. Велјаница Цена седеше кај Новачевци до годината додека наполнат година дена од умирачката на најмилите. После тоа се премажи за Цветан  Мургоски во с. Путурус. Со новото момче оформија нова фамилија. Родија две деца, Драги и Павле. Новачевци за да ја одржат врската како роднини, по желба на таткото на Велјан, Димитрија, Цветан Мургоски е поканет за голем девер за свадбата за нивниот деленица, Живко Стеваноски во есента 1948 година.

Голема е новаческата трагедија. Во 1940 г. умре мајка му на Велјан, Димитрица Петра Јанкулоска од с. Подмол. Во 1942 година умре снаа му Стојна Аџиоска од с. Чумово, во 1944 г. умре неговото дете Севда и Велјан.

Велјан Новачески посмртно беше почитуван. Училиштето во Марул го носеше неговото име, селската работна задруга (колективот), 1949 – 1953 го носеше неговото име. Патот, улицата од јужната страна на селото од кај Петрески Петре Бабјакот, сé до училиштето го носеше неговото име напишано на фабрична тенекија со сина и бела боја која беше наместена на селската задруга од Колективот со името и презимето Велјан Новачески која стоеше на зградата некаде до 1960 година.

Ние, Марулците, ја поканивме боречката организација од Прилеп   да видат што остави Велјан од животот. Не одбија. Не прифатија, бидејќи немало програма. Така рече претседателот на боречката организација од Прилеп, Благоја Чоната. Велјановото богатство е гробот на ќерка му Севда и неговата слика со грпката која ја чувавме во селското училиште.

Мојсоски Колески Кире заради лошото време ја загубил воената единица.

Мојсоски Кире е мобилизиран во Втората македонска бригада на 21.09. 1944г. со групата марулци заминал преку Бонче за с. Дуње. Кире откако го добил распоредот, се одделил од своите марулци мобилизирани војници и заминал преку тајната воена шифра, бригадата ја нашол во сињорот на с. Крстец над Прилеп. Кире добил оружје, пушка и се приклучил во бригадата. После три дена во бригадата, фатила многу густа  магла со ситен дожд во планината Козјак. Војниците, македонски партизани на бригадата, од командата добиле слободно време за да се засолнат од природните неприлики, од невремето, од дождот кој врнел повеќе денови.

(продолжува)

Loading