АТРАКТИВНИ МАНСТИРСКИ БИСЕРИ

– Реконструирани манастири со асфалтни патишта за туристи за презентација на богатото културно наследство

95956

Поледниве години посветено е големо внимание во зачувувањето на културното и историското богатство. Дел од тоа наследство се познатите манастирски комплекси, Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, манастирот Свето Преображение во селото Зрзе и манастирот Свети Архангел Михаил во Варош. Културните бисери од вековите, а и останатите помали манастирски зданија добија асфалтни врски, дел нови конаци, други комплетна реконструкција.

Од 2013 година до Трескавец се стигнува по асфалт. Во патот од 7,5 км. се вложија 1,8 милиони евра. При крај е градбата на опожарените конаци чија реконструкција чини околу 120 милиони денари. Се реконструира и реставрира црквата, старата трпезарија, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата.

leniste

По асфалт се стигнува и до Свето Преображение – Зрзе. Асфалтирани се 7,5 км. за 1.6 милиони евра. Осветени се новоизградените монашки конаци на духовното светилиште. Таму се реконструираа и владичките конаци и се третираше археолошки бигорната карпа врз која е изграден манастирот.

Manastir Pokrov na presveta bogorodica

Комплетно се реконструираше и обнови источниот конак на манастирот Свети Архангел Михаил за 13 милиони денари. Нови конаци доби и манастирот Свети Никола во селото Манастир во Мариово, каде секоја година се заштитува и конзервира црквата од 11 век.

Лесно достапни станаа и манастирот Свети Димитрија во селото Селце, и новата црква во селото Волково, откако се поврза со асфалтни патишта.

manastir varos

Граѓаните со поддршка на донатори ја кренаа и црквата Покров на Пресвета Богородица во месноста Кула, Света Петка кај селото Лениште. Црква се гради во близина на Маркова Чешма. Две, од трите мали цркви во градот, веќе ги прибираат верниците. Станува збор за Свети Елена и Константин, Свети Кузман и Дамјан во дворот на Болницата и Свети Наум кај салата Македонија, која е при крај.

sveti arhangel mihael

treskavec

Сјајот на храмот Св. Петка

После 100 години во Точила се изгради нова црква посветена на Св. Петка. Велелепниот храм никна со поддршка на повеќе донации на граѓаните, бизнис секторот и локалните власти. Црквата доби и камбанарија, а хортикултурно се уреди и малиот плоштад. Просторот се украси со фонтани, клупи, канделабри и друга урбана опрема. Иконостасот е од бел мермер. И фрескоживописувањето е при крај.

Треба да се изгради уште административен објект за свештениците, кујна и трпезарија за верниците.

Црквата негува и свој хор.

Сveta petka

Loading