МЛАТА СИРЕНА НА СЦЕНАТА ОД ЦЕПЕНКОВ

Наскоро

Танцовото студио Зодијак во партнерска соработка со училиштето за театар Чин 4 Сцена 5 ги привршуваат подготовките за премиерата на новата хит претстава за деца и млади Малата сирена.

-Не е само технички најголемиот предизвик за подготовка и адаптација за сценска изведба на цртаниот филм Малата сирена од Дизни. Тој е и комичен во намерата да се најде начин да се репродуцира извонредниот магичен вокален лик на ракот Себастјан. Претставата го збогатува македонскиот фонд на адаптирани дела од светската драматургија надополнети со македонски сонгови. Дејството е на површината од морето, на дното и на копното. Малата и убава сирена Ариел има прекрасен глас и живее на дното. но има авантуристички дух и претпочита да истражува, противејќи се на својот татко кралот Трајтон… – вели режисерот Кире Миладиноски.

Ќе играат Марија Костоска, Лилјана Јованоска, Дамјан Трајкоски, Деспина Башеска, Ивана Стеваноска, Евгенија Кузманоска, Марија Стеваноска и Благојче Николоски.

Loading