АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Правдата е достижна, но ја оставивме далеку зад нас.

x

Народот тешко се свртува ама тогаш првиот станува последен.

x

Диоген живеел во буре, а ние денес во буре барут.

x

Лошо е кога имате богата историја, а сиромашен народ.

x

На изборите нема промашување! Секогаш е погоден народот.

x

Гласањето е врвно достигнување на безгласниот народ.

x

Некои и денес живеат во подоброто утре, а другите ја градат демократијата.

“Др Хаџи-Васков”

Loading