СЕ СНИМА „ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ

На повеќе локалитети низ прилепско – Крушевица, Штавица, Дуње, Зовиќ, Трескавец.. се снима   шестиот долгометражен игран  филм „Врба“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, кој е автор на сценариото. По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија.

„Врба“ е филм со три испреплетени приказни за љубов и доверба – едната од македонското средновековие, другите современи. Приказните се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите имаат слични грижи, радости и соништа.

Снимањето ќе трае до првата половина од декември. Филмот е во продукција на ,,Банана филм,, и е македонско – унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Loading