ГРАН ПРИ ЗА „КЛУЧАРОТ ЦАКО“ ОД ЉУПЧО РИСТЕСКИ

На Манаки

Филмот „Клучарот Цако“ на авторот Љупчо Ристески на прилепскиот фото кино клуб е добитник на наградата Гран при „Плакета Милтон Манаки“ на 26 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола. Ристески ја освои наградата воа конкуренција од 52 филмови.

Четириминутниот филм ја пренесува желбата на занаетчијата Цако да ја пренеси мајторилукот на наследниците.

Со златен медал на  УНИЦА, за филм кој поттикнува истражување, е награден и „Мојот живот“ од авторот Игор Стојчевски.

Стручното жири на фестивалот специјална награда му додели и на ФКК Прилеп како клуб со најзастапени автори на фестивалот.

Loading