СЕ ПОСТАВУВА „ДЕМОКРАТИЈА“

В театар

„Демократија“ е новата претстава што се подготвува во театарот. Текстот е од рускиот поет, нобеловец и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Јосиф Бродски, а режијата е на Кирил Петрески.

„Демократија“ е единствено драмско дело на Бродски, пишувано во бурната 1989 година.

– Тоа е време на рушење на Берлинскиот ѕид, обединувањето на Германија, распаѓањето на Варшавскиот Пакт и почетокот на распадот на Советскиот Сојуз. Јосиф Бродски, иако драмата ја пишува во емиграција, во САД, каде што заминува прогонет од советскиот комунистички режим во 1971 година, со хируршка прецизност ги опишува состојбите. Благодарение на визионерството, со кое што се надарени најдобрите, делото допира до нашето време со истата ,,свежина,, и актуелност како да е пишувано вчера – вели Петрески.

„Демократија“ е политичка гротеска за една измислена земја, за едни измислени ликови, но реални проблеми кои што, се совпаѓаат со проблемите на повеќето земји од Источна Европа или Западен Балкан.

Во претставата ќе играат Марјан Чакмакоски, Димитар Ѓеоргиевски, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски и Димитрина Мицкоска.

Loading