СЕ КОНЗЕРВИРА ЖРТВЕНИК НА СТИБЕРА

Se konzervira zrtvenikot

На античкиот локалитет Стибера кај селото Чепигово, се конзервира  жртвеникот, откриен уште во 2014 година. Конзерватор е Заводот и музеј по пет години. Ова е прва конзервација на градски жртвеник што жителите на античкиот град Стибера пред 18-ина векови го користеле за секојдневни потреби. Тој се наоѓал на околу 700 метри од центарот на Стибера.

– Станува збор за објект во основа пет на пет метри. На основата има фино делкани блокови од бел мермер. Тоа се големи камени квадри кои достигнуваат тежина и до 1,5 тони, меѓусебно поврзани со лиена оловна фуга. Имаме направено и графичка реконструкција, врз основа на елементите најдени при археолошките ископувања. Целта е да го зачуваме културното наследство. Објектот од некрополата во центарот на Стибера е оддалечен околу 600 до 700 метри, преку Црна Река. Тоа е нормално, знаејќи дека Стибера бил голем град со околу 20 000 жители и се простирал на голема површина. На пример, јужно од овој жртвеник, има остатоци од бања. Тоа укажува дека и во делот каде живеело населението имало репрезентативни објекти – вели Кире Јованоски, советник конзерватор во Завод и Музеј.

Деловите на жртвеникот се откриени пред четири години и укажуваат на отворен тип, за разлика од познатиот храм на богињата Тихе кој е од затворен тип, и најпознат по гимназиумот. Жртвеникот потекнува од 1 и 2 век кога тогашниот римски град, со зачудувачките околу 20 000 жители, бил во најголемиот процут. Не се знае на кого му бил посветен.

Loading