ПРИЛЕП – ОХРИД

Ракомет

Тимот на Прилеп по двонеделна пауза продолжува во Супер лигата. Откако доживеа висок пораз со Еурофарм во Битола (38-24), на ред е дуелот дома со Охрид. Гостите се фаворите. Имаат само еден пораз од Пролет, и сигурно ќе биде тешко да се освојат бодовите. Прилепчани освоија само 4 бода на 6 меча. Табела: Еурофарм 18, Охрид 15, Бутел и Пелистер 12, Струга 10, Пролет 9, Вардар ј. 6, Прилеп 4, Радовиш 3, Борец 0.

Женскиот состав на Деспина по поразот (29-16) во Куманово, викендов гостува на Овче Поле во Свети Николе.

Loading