СТАНОЈОСКИ ПРОТИВ ШАРИЌ

Шах

Меѓународниот турнир во забрзан шах „Трети ноември“, ќе се одржи в сабота (10 ч.) во Студентскиот дом „Орде Чопела“ по повод Денот на ослободувањето на Прилеп. Ќе учествуваат над 100 шахисти, бидејќи до организаторот ШК Прилеп уште во вторникот пристигнале 105 пријави. Застапени се Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска. Највисок рејтинг има ВМ Анте Шариќ од Хрватска – 2582 (брат на европскиот шампион Иван Шариќ), а од прилепчаните најголем адут е ВМ Звонко Станојоски – 2446. Предвидени се 9 кола по Швајцарски систем. За секоја партија времето е 15 минути, плус по 5 секунди за потег.

Покрај парични награди од 79 илјади денари, има медали и дипломи.

Loading