ПАК РИТАМ: НЕДЕЛА – СРЕДА – НЕДЕЛА

Фудбал: Првата лига влезе во втората фаза

-Победа покрај за првенство, игра и за куп

Fudbal

Само најдобро подготвените екипи ќе го издржат збиениот распоред во Првата фудбалска лига. По кусата пауза продолжуваат натпреварите секој трет или четврти ден, во ритам: недела – среда – недела. Ако нема првенствен натпревар, има за куп. Така, Победа во неделата дома (во Битола) со 2-0, со головите на Нвабуезе и Танушев, го совлада Шкупи, во средата гостуваше на Работнички (3-1), в недела е мечот дома со Силекс, в среда за куп во Тетово со Шкендија. Приоритет е првенството и борбата за место во средината од табелата. И купот е шанса за потврдување на квалитетот. Иако Шкендија е фаворит, изненадување не е исклучено, затоа што во првенството прилепскиот тим има и триумф под Шара.

Во Втората лига – Исток Партизан Обршани имаше можност со два врзани успеха да се доближи до средината од табелата, но не тргна според посакувањата. На првиот натпревар, во вторникот, на Могила беше само 0-0 со Саса. Наместо голови, имаше два црвени картона – за домашниот Јанчески и за гостинскиот Стојменов. В сабота (13.30 ч.) Партизан на истото место игра со Брегалница Штип, тим кој има прволигашки амбиции. Се очекува тежок меч. Реми не е неуспех. Потоа следи гостување на лидерот Борец во Велес.

Табела: Борец 25, Тиквеш 21, Брегалница и Пехчево 19, Кожуф 16, Плачковица 11, Партизан 10, Вардар и Саса 6, Детонит 4.

Loading