НАГРАДЕНИ АВТОРИ

Осуммина прилепски автори, членови на Клубот на литературни творци Прилеп, се наградени на конкурсот на Здружението на просветни работници. Тони Павлески за збирката „Говорот на љубовта“ ја освои првата награда во категоријата стихозбирки, а третата отиде во рацете на Петре Кироваков за збирката  „Солзи за мојот Егеј“. Во категоријата објавени романи, Божана Тренческа за „Бојана на Тодор“ ја освои втората, а Мирјанка Р. Селчанец за „Шаховска партија со животот“ – третата награда. Снежана Паноска за збирката детски песни ,,Брзозборливо,, се закити со третата награда во категоријата објавени книги за деца, додека младиот Филип Димкоски втората за книгата ,,Заедно да растеме,,. Во категоријата необјавен расказ наградени се со прва награда Живко Карески за расказот ,,Третиот,, и втора награда за Весна Шеремткоска за ,,Мајка,,.

Loading