КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ МАКЕДОНИЈА

На 6 ноември од 19 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи ансамблот Македонија, кој е репрезент на македонската традиционална култура. Влезот е слободен.

Ансамблот е единствен во државата со професионалци, раководен  од стручнаци од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење. Младите уметници достојно претставуваат дел од богатото духовно и културно наследство, генетскиот код на еден народ. Уметнички менаџер е д-р Владимир Јаневски, а  музички менаџер М-р Тимко Чичаковски.

Loading