УДОЛНИНА

Фудбал

Очигледна е кризата во Победа. Наредени се три последователни првенствени порази (од Вардар 0-1, Македонија ЃП 1-0 и најновиот со Беласица 2-1) што доведоа до пад на табелата, кон осмото место. Што е најголем проблем, најдобро можат да оценат тренерите. Статистички, тимот тешко прима голови (10 на 10 меча), но уште потешко дава (7 на 10).

В недела е дуелот ,,дома,, со Шкупи, а в среда со Работнички во Скопје.

Табела: Вардар 23, Шкендија 19, А. Пандев 16, Работнички 14, Македонија ЃП и Беласица 13, Ренова и Победа 11, Шкупи 9, Силекс 7.

Во Втората лига – Исток Партизан Обршани игра двапати на Могила – вторник (13.30 ч.) со Саса Каменица, в сабота со Брегалница Штип.

Loading