МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ

Шах: За празникот Трети ноември

Sah

Учество најавија стотина шахисти од земјава и странство

Ретки се шаховските настани. Затоа привлечен е претстојниот Меѓународен турнир во забрзан шах ,,Трети ноември,,, закажан за Денот на ослободувањето на Прилеп. Просторните, технички услови го одредија местото – Студентскиот дом ,,Орде Чопела,, каде единствено има маси во четириаголна форма на кои ќе бидат поставени шаховските табли. До ШК Прилеп, организатор во соработка со Општината, пристигнаа 70 пријави. Бројката веројатно ќе достигне до стотина од земјава и од странство. Тие ќе се борат за парични награди со фонд од 79 илјади денари, медали и дипломи.

Од пријавените највисок рејтинг има ВМ Анте Шариќ од Хрватска – 2582 (брат на европскиот шампион Иван Шариќ). Втор е ИМ Борољуб Златановиќ од Србија со 2502. Од Бугарија доаѓа ИМ Велислав Куков, а од Русија е Александер Калин. Се очекуваат од Косово, Албанија, Црна Гора… Од македонските учесници со највисок рејтинг е ИМ Дејан Стојановски – 2466, а од прилепчаните ВМ Звонко Станојоски – 2446. Прилепската листа продолжува со: ФМ Роберт Велески, ФМ Славе Трајкоски, Дејан Ѓорѓиески,  Горан Готовуша, Марјан Дамчески, Александар Котески, Антонио Миланоски. Во останатите категории се: Давид Манески (до 18 години), Гошо Галески (до 16), Матеј Ѕвездакоски, Никола Бонески, Александар Бонески, Андреј Галески (до 14), Иван Цапески, Александар Николоски (до 12), додека Стефан Присаѓанец е ветеран (над 65). Ова е можност за прилепските шахисти да освојат поени за Светската рејтинг-листа.

Предвидени се 9 кола по Швајцарски систем’. Ќе се игра цел ден.

Loading