МОРЕТО Е „КРИВО“ ЗА СЕ

Барцелона

Ремек дело на архитектот Гауди – палати, паркови, фонтани и покрив како ламја со оџаци со мозаици

familia Gaudi

Со кристално чистото море кое ја плиска песочната плажа долга пет километри, со планините кои нежно го милуваат северниот раб, Барцелона претставува блескава скапоценост на Медитеранот. Од живите сликовити пристаништа, до неповторниот средновековен амбиент на уличките во населбата Барио Готико, преку преубавите модерни зданија во квартот Еишампла се до фантастичните паркови и архитектонски чуда, оваа речиси двамилионска каталонска престолнина има апсолутно сé. Дополнителни украси, од чија убавина застанува здивот, сe богатите музеи, импресивните булевари, плоштади, скулптури и инсталации, атрактивни панорамници, езеро со раскошна флора и фауна, бројни фонтани, песочни плажи…

На врвот на списокот на градови кои во животот мора да се посетат, Барцелона се искачи благодарение на генијалноста каталонските архитекти  од втората половина на 19 век, како Џозепе Пјуиџ Кадафалк, Луис Доменек Монтанер и, непретекнатиот, Антонио Гауди Корнет. Храмот на Светата фамилија ,,Саграда Фамилиа,, претставува една од најпознатите цркави на светот, веронауку испишан во камен и траен симбол на градот и неговото модернистичко наследство. Небото над Барцелона гордо го сечат кулите и камбанариите на гаудиевото ремек-дело, видливо од секоја точка на градот, претставувајќи оријентир на секој посетител на оваа средоземна убавица. Во гаудиевата ,,велика петка,, во Барцелона се вбројуваат и неговите најславни зданија, Каса Мила и Каса Батљо. Каса Мила е чудо на модерната архитектура, која, како да е израсната од плочникот. Од живиот, разбрануван простор никнуваат балкони од ковано железо, а на покривот, небаре корпулентни витези, ги чуваат оџаците украсени со мозаици. Зошто го добила тој пежоративен прекар, Ла Педрера, по које е уште попозната, а во превод значи каменолом… Бајковитата и шарена Каса Батљо, со своите мотиви, е  одраз на гаудиевата љубав кон Каталонија. Целото здание е алегорично поврзано со легендата за Свети Ѓорѓи, заштитникот на Каталонија. Покривот потсетува на грб на ламја, а балконите се обликувани во вид на карневалски маски – черепи на жртвите на ламјата.

Kukata Vicens Barcelona

Во двата најомилени градски парка на Барцелоне се и оние кои Гауди втиснал неизбришлив печат. Еден е паркот Гуељ, а другиот паркот Цитадела. Добивајќи полна слобода од богатиот индустријалец Гуеља, Гауди во паркот Гуељ докажува дека и најбујната мечта може да се претвори во стварност. Пред очите се менуваат разиграни патеки, непрегледни низи скаменети дрвореди, совршено стопени со падината, пештери, скриени премини до централниот плоштад со чудесни змијулести мозаични клупи, официјално најдолги на светот, сала со ,,100 столба,, бајковити влезови… Втората најпосетена зелена оаза на градот се наоѓа на југоисточниот раб на историското јадро. Тоа е прочуениот парк Цитадела, првиот  јавен парк на Иберискиот полуостров, кој може да се пофали со раскошна медитеранска вегетација, со патеки во сенки, езеро на кое може да се најми и чамец и да се ужива во природата со бројни културни атракции. И овој парк е украсен со зданија на најголемите мајстори на модернизмот, меѓу архитектите, како Монтанер, кој го осмислил едно од најубавите дека  на модернизмот – замокот ,,Три ламји,,. Гауди во него ја кренал раскошната необарокна фонтана, Гран Каскада. Со неа ја заокружил ,,великата петка,, во Барцелона и целото негово наследство на градот.

Volsebna fontana vo barcelona

За љубителите на архитектурата, Барцелона и Гауди нудат уште многу. Приказната за Барцелона не е окончана. Барцелона е се поатрактивна, ширејќи се со нови футуристички населби кон брегот на реките Љобрегат и Бесос, кои се вливаат во Средоземното Море. Да, морето е ,,криво,, за сé… Тоа ги привлекло првите освојувачи, и тоа од најславните – Феникиската фамилија Барк, која не само што го дала наславниот војсководец на сите времиња Ханибал, туку и името на градот кој мора да се доживее. Во најстарото минато Барцелона се создала на една височинка на денешниот ридест парк Монжуик, кој, на височина од 213 метри, стои гордо над главното  пристаниште. Монжуик е плански уредуван за Светската изложба во 1929 г. и за Олимпијадата во 1992 г. Денес е незаобиколувачка туристичка атракција са олимпијскиот стадионом, бајковитото шпанско село, монументалната палата, Музејот на националната уметност на Каталонија, на чие плато се наоѓа можеби најубавиот панорамник на градот. Под задивувачките каскадни фонтани во подножјето, се изградени ,,Волшебната Фонтана,, ,,Воденото чудо,, од Светската изложба од 1929 г. Според проектот на инженерот Карлос Бигас, со паѓањето на ноќта, безбројни посебно обликувани и кореографирани млазеви со вода создаваат хипнотизирачки спектакл на светлоста и звукот. ,,Волшебната фонтана,, поединечно е најпосетената атракција на градот. Затоа не смее да се пропушти. За потсетување е ,,Химната на Барцелона,, – Монсерат Кабаљје, во изведба на Фреди Меркјури.

Барцелона е допирлива на секој чекор, иако магијата го достигнува врвниот дострел додека трае спектаклот на ,,Волшебната фонтана,,. Бурната и славна историја на гордите Каталонци, поопиплива е во сите зони на престолнината. Секој кварт, секој споменик доловува некоја приказна, легенда од минатото, од времињата на Барк, римските освојувачи или оние од времето на подемот на моќната фамилија Беренгер, кога средновековната Барцелона  доживеала кулминација. Убавите приказни за периодот на повторното обединување на Шпанија се автентично сведоштво преку монументалниот споменик на Кристофер Колумбо, кренат на старото пристаниште, местото каде славниот морепловац се вратил по првата ,,американска експедиција,,. Барцелона не ги заборава ,,црните дни,, од историјата. Се гледаат трагите на најтрагичните периоди на градот.

Важно е дека доживеала ренесанса неколкупати во поновата историја, благодарејќи на што денес има урбанистичко совршенство во населбата Еишампла и елегантните модерни зони како олимписките пристаништа Побл Ноуа, таканаречената ,,Менхетенска Барцелона,,. Магијата се дополнува со фактот дека градот претставува гастрономски рај. Обврска е да се наѕре на најбогатиот пазар во Шпанија, Бокери, каде се нудат вкусовите на безбројни егзотични деликатеси. Такви се врвните тапас и пинчос баровите, сместени во срцето на градот. За љубителите на добриот залак и за оние кои не преферираат музеи, адреса е Музејот на ибериската шунка на прочуениот булевар Лас Рамблас. Таму сигурно добро ќе се нахранат и душата и телото.

И по повеќекратните посети, Барцелона повторно возбудува и изненадува. Пак предизвикува воодушевување. Мултиетничката каталонска престолнина, се чини, не дозволува да се чувствувате како странец и при првата средба. Секое ново истражување е полесно и поубаво. Кога ќе тргнете, се открива богатство и различноста. Секогаш недостасува барем еден ден плус. Затоа пак ќе се вратите, а Барцелона средечно ќе ве прегрени и награди.

Loading