„ШАХОВСКА ПАРТИЈА СО ЖИВОТОТ“ – НОВ РОМАН ОД МИРЈАНКА Р. СЕЛЧАНЕЦ

„Шаховска партија со животот“ е најновиот роман на Мирјанка Р. Селчанец, што вчера беше претставен во јавноста од Цеца Видова Трајческа,  од поетот Тони Павлески и рецензентот Василка Д. Бисеркоска. Романот е пишуван во 2017 година, го опфаќа периодот од 30 до 80 – те години на минатиот век. Делото крие многу видливи и невидливи животни потези. Дејствието е во Битола, пред  и за време на Втората светска војна.

-Романот е извонредно четиво гледано од психолошки и од филозофски аспект. Некогаш страдањето е премногу големо што во слепило се посегнува и по сопствениот живот да може да се ,,прочита,, доживеаното и да се прескокне безболно… Делото е сериозно љубовно четиво исполнето со убавини и трауми. Ова е еден од највредните романи на Р. Селчанец – забележува рецензентот Тони Павлески.

Р. Селчанец е автор на повеќе романи, илјадници стихови, поеми,  раскази. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и на наградата Трети ноември.

Loading