БЛАГОДЕТИ НА ЈАБОЛКОВАТА КИСЕЛИНА

kiselina

Јаболковата киселина е богато издание на јаболкото и најдобриот тип на оцет кој ја надминува конкуренцијата со незамислив број на здравствени благодети. Затоа јаболковата киселина треба да биде дел од секоја трпеза.

Прво да разграничиме дека повеќето видови по маркетите не содржат скоро никакви важни нутрициенси. Содржината на благодетта е во здравата,   свежа, органска и ферментација на јаболковиот сок. При зреењето хранливите и лековитите својства на јаболкото се зачувуваат и надополнуваат со новонастанати природни соединиенија. Сето ова само ја зголемува природната моќ на оваа течност.

Докажано е дека овој пијалок го стимулира метаболизмот за намалувањето на телесната тежина. Јаболковата киселина помога во намалувањето на шеќерот во крвта.  Ги содржи витамините Ц, Е, А, Б1, Б2, Б6 како и бета-каротени и биофлавоноиди. Богата е со танини за дополнување на антиоксидансните ефекти. Од минералите се застапени калиумот, железото, флуорот, магнезиумот, калциумот, фосфорот и борот. Тие се важни за одржувањето на здрави коски и за стимулација на имуниот систем. Напитокот помага во отстранување на причините за дијареа. Се пие една чаша вода со 1-2 лажички јаболкова киселина.

Loading