РИЗНИЦА НА ЗДРАВЈЕ Е МАЏУНОТ

madzun

Маџунот уште е наречен гроздов слад. Познат е од нашите предци по оригиналниот вкус и арома и по благотворното дејство на човековото здравје. Се добива со изварување на гроздовиот сок (шира), исцеден од претходно мелено грозје.

Приказната за природниот засладувач е стара колку и грозјето – 2000 години. Во минатото, нашите баби и дедовци немале шеќер во изобилство и бил прилично скап. Слатките ги подготвувале со маџун, правен од бели и црвени сорти грозје, односно од поблаги.

За лековитоста зборува фактот дека со маџун ги хранеле и бебињата. Науката го докажа како исклучително здрав. Од познавачите е поговорката дека маџунот од бело грозје е храна, а од црвеното грозје е лек.

За гроздовиот слад се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанци, антиоксиданси, гроздов и овошен шеќер, органски киселини. Затоа е ризница на хранливи состојки за подобрување на здравјето. Употребата го јакне имунолошкиот систем кај деца, рековалесценти, постари лица и спортисти. Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, запек, анемија, болести на кардиоваскуларниот систем. Здрав е за луѓе со нарушена функција на црниот дроб, алкохолизам, цироза и прекумерна употреба на лекови. Антиоксидаивните својства делуваат антиканцерогено.

Маџунот може да се користи во секојдневно за засладување на чај, млеко, мусли или пак како прелив на торти, сладоледи и колачи. Се подобрува вкусот на пијалоците и јадењата и влијае на психофизичкото здравје. Пожелно е да се користи една до две лажици во денот, наутро или навечер, самостојно или растворени во вода (како сок), чај, млеко, сок, се доволни да ги избегнете честите нарушувања на здравјето.

Тиквешијата се препознава по производство на квалитетен маџун.

Loading