БАЈКОВИТИТЕ ДВОРЦИ НА КРАЛОТ ЛУДВИГ ВТОРИ

Репортажа од Баварија

Herenkimze

Германската покраина Баварија е полна со историја. Прв предизвик е Минхен и дворците на кралот Лудвиг Втори. Познати по бајковитата архитектура, која го инспирирала и Волт Дизни за снимање на филмови.

Најубавите дворци градени од кралот Лудвиг втори се Херенкимзе, Нојшвајштен и Линдерхоф. Небаре од соништата. Секој посетител различно ги доживува. Отскокнуваат со луксузот и екстраваганцијата. Според германски податоци, посетени се со околу еден милион туристи годишно. Средбите со раскошот на кралствата не оставаат рамнодушен никого.

Nojvajsten

Херекимзе дворецот на осамениот крал

Од езерото Кимзе, со бродче се стигнува до еден од трите острови – машкиот, каде се наоѓа дворецот Херенкимзе, екстравагантниот замок на кралот Лудвиг Втори. Низ густата шума се наѕира велелепно здание. Тука се пренесени кралските мечти и желби на кралот, но и страста на градителот.  Во прекарсна природа е изграден Новиот Версај. Лудвиг Втори бил опседнат со градителството на по теркот на францускиот Крал на Сонцето. Така се е подредено на ,,храмот на славата,, како што пишувал кралот. Првите камења биле поставени во 1878 година, а го градел Георг Долман. По неколку години замокот бил готов, по што бил дизајниран и паркот. За жал Лудвиг Втори преспал само неколку ноќи. Еден дел од дворецот не е довршен. После смртта на кралот дворецот бил отворен за посњетителиа. Внатре ,,боди,, в очи екстраваганција и раскош. Злато на секој чекор. Во приемните простории, собата за аудиенција, салата за совет, салата со огледала, во која се одржуваат концерти, а во која внимание привлекуваат 33 лустери и 44 канделабри. Не помалку воздишки предизвикуваат и астрономскиот часовник со претстави на земјата, сонцето, месечевите мени и знаците на зодијакот, кој  уште е во функција. Луксузот е нагласен уште повеќе во спалните соби во стилот на Лудвиг 14, собата за облекување…. Празник за сетилото за вид е фантастичниот парк, кој завршува пред езерото.

Linderhof

Нојшвајштен – дворец на карпа

На грамадна карпа, која се издигнува над езерото Алпзе, Лудвиг Втори, во периодот од 1869 – 1886 година, го кренал величенствениот замок Нојшвајштен, еден од бајковитите дворци на Баварија. Гордо се извишува ова здание, кое е мечтателска градба во камен. Проектот е изработен од Едуард Ридвел, Кристијан Јанк и Георг Долман. Кралот му пишувал на Ричард Вагнер   дека планира да изгради велелепен замок во стилот на германските рицарски замоци. Возвишено место кое ќе одзема здив. И така направил. Замокот е во романтичарски стил, по примерот на замокот Вартбург. Водичот за прошетка низ дворецот иупатува нз значајните факти. Не е дозволено фотографијање, па затоа се смета дека овој дворец е насликан во светот однадвор. Во картата на градбатата стои формирање на мермерната сала, во која се врши реставрација. Ужива погледот. Се пренесува и историјата на изработката на мозаичниот под, за приемната соба, спалните, гостинската, работниот кабинет, салата за концерти. Доминира кралскиот раскош.  Особено плени галеријата со импресивен поглед на езерото и на мостот на Марија. Место каде се прават најубавите фотографии за спомен и долго сеќавање.

Linderhof 1

Линдерхоф – реплика на Версај

Во близината на Оберамергау, познато по манифестацијата посветена на Христовиот пат по Голготата, изграден е дворецот Линдерхоф. Бидејќи  Лудвиг Втори го обожавал Луј 14, побарал да биде изградена реплика на неговиот дворец, почнувајќи од собите, кујната, па сé до паркот. Затоа Линдерхоф се нарекува и реплика на Версај. Единствен е што го виделе епилогот на градбата од кралските очи. Тука најдолго живеел. Внатрешноста како и во сите други дворци. Собите, работниот кабинет, спалните, собата со огледала, во злато обложени. Многу слики, живописи, фигури во злато, меѓу кои и лебедот – птицата што ја обожавал кралот. Надвор летаат воздишки кон уметнички дотераниот парк. Фотографското око ги забележува сите детали. Објективот не знае што попрво да овековечи. Пленат комплексот од тераси во рококо стил, зад кои е прекрасна природа. И толку. Никогаш доволно во средбите кралските замоци во Баварија. Попатно освежува глетката наиз зимското одморалиште Гармиш Патернкирхен.

Кој знае можеби ќе се вратиме во откривање на нови хоризонти во живописниот еколошки предел во средиштето на Европа.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading