АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Велат кај не се чита. По се’ изгледа сите се прочитани.

Х

Очекуваше добар прием, а доби повеќекратно пропуштање низ раце, нозе.

Х

Доцна е да се чукнеш по глава кога веќе ти одѕвонило.

Х

Животот е постојано патување, но зависи со какво превозно средство и по кои патишта.

Х

Кој не се учи на своите грешки постојано ќе се сопнува од ист камен.

Х

Гласај за мене! Ако гласаш против или воздржан исто така ќе бидеш заборавен.

“Д-р  Хаџи-Васков”

Loading