ПРОМОЦИЈА НА „ЦВЕТ ВО АМАНЕТ“ ОД ПОЕТЕСАТА АНДРИАНА РИСТЕСКА

andrijana promocijaПоетската збирка „Цвет во аманет“ првенче на поетесата Андриана Ристеска, која патем беше наградена на конкурсот „Поетски синтези“ во Битола, утревечер ќе биде промовирана во Арт кафе од 18 часот. Во необичен амбиент ќе говорат  рецензентот Иле Наумов и Цеца Видова Трајческа, претседател на Клубот на литературни творци Прилеп. Збирката  содржИ 60 песна, инспирирани од љубовта кон ближните и татковината.

Рецитатори ќе пренесат дел од стиховите.

-Поезијата на Ристеска е специфична и лесно препознатлива, полна е со емотивен набој, топлина, со нежни чувства. Од секој стих извираат емоции и се распрснуваат како од една голема љубовна фонтана чии капки не може да ги дофатиме и собереме, бидејќи се многу и ги има за сите. Љубовта зрачи во секој стих. Моќта на испишаните зборови во песните е и магија, со која патуваме во светот на љубовта – вели рецензентот Иле Наумов.

Ристеска е член на Клубот на литературни творци Прилеп и е добитник на повеќе награди. Се вбројува меѓу истакнатите современи македонски поети.

Loading