ДВЕ КНИГИ НА СНЕЖАНА ПАНОСКА

Збирката „Животен копнеж“ и детската „Брзозборливо“ се двете нови творби на поетесата Снежана Паноска, претставени во библиотеката.  Говореа актерот Игор Трпчески и рецензентите Билјана Тодороска и Цеца Видова Трајческа. Промоцијата беше збогатена со настап на ученици од ОУ ,,Гоце Делчев,,.

Во ,,Животен копнеж,, Паноска објавува 40 песни и една поема мотивирани од љубовта која насекаде ја има. Книгата ,,Брзозборливо,,  содржи 72 песни наменети за децата.

Паноска е член на Клубот на литературни творци Прилеп. Објавила три збрики поезија. За творештвото била добитник на награди и е дел од повеќе поетски  зборници во земјата и во странство.

Loading