ФИЛТЕР ЗА ПУШАЧИТЕ

cigara

Ако пушите цигари неколку години, белите дробови се во голема мерка оштетени поради отровот кој се собира со времето. Затоа важно е да ги исчистите од време на време. Комбинацијата од куркума, ѓумбир и лук го чисти телото од токсини. Пијалокот е потврден како ефикасен за ,,хигиена,, на белите дробови.

Потребни се еден литар вода, две лажици куркума, 400 гр. шеќер, корен ѓумбир, 400 гр. лук. Во сад се ставаат водата и шеќерот. Се вари додека не зоврие. После се додаваат куркумата, ѓумбирот и лукот. Се мешаат состојките и се трга садот од огнот, па се чека да се излади. Пијалокот се чува во фрижидер. Смесата се зема двапати на ден по две лажици наутро на празен стомак и навечер пред спиење.

Куркумата е богата е со витамини Б6, Б3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна. Докажано е дека благотворно дејство во случај на рак. Го спречува растот и формирањето на туморот. Потврдено е дека е одличен природен чистач на белите дробови и го спречува настанувањето на меланом. Благотворно делува кај Алцхајмеровата болест, а најдобри резултати постигнува кај ревматските заболувања.

Loading