ЕСЕНСКА БОМБА ПОЛНА СО СО ЗДРАВЈЕ

Дуња

dunja

Според некои историчари, дуњата била забранетото овошје во рајот, а не јаболкото. Одамна било симбол на плодноста. И името мармалад потекнува од португалскиот збор за дуња, зошто мармаладот првин се правел од дуњи. Не е украсно овошје, туку е лек и здрав  есенски десерт.

Дуњата е златножолт плод. Се бере од септември. Нискокалорична е и  изобилува со диетални влакна, витамин Ц, Б комплекс, тиамин, рибофлавин, и пиридоксин и бакар, железо, калиум и магнезиум. Алтернативците ја сметаат за најделотворниот природен лек за рак.

Секојдневното конзумирање благотворно влијае на џигерот, помага при пролив, дизентерија, чир на желудник, туберкулоза и болести на очите. Диеталните влакна помагаат при слабеење. За проблеми со цревата или желудникот, нема подобар лек од компотот од дуњи. Сокот ги отстранува  нарушувањата на крвните садови и гастроинтестиналните проблеми. Големото количество на антиоксиданси го намалуваат ризикот од рак. Свежиот сок е моќен во борбата против слабокрвноста. Плодот го освежува просторот, оти мириса убаво.

Семките ја негуваат и хидратираат кожата. И помагаат да ја задржи потребната влага. Се препорачуваат за најдобро средство против изгореници, испукана кожа, чешање или како облог за воспалени очи. Чајот од семки од дуња ослободува од стрес и несоница. Помага при воспаленија на усната шуплина и грлото и ги ублажува болките. Се потопува лажичка семки од дуња со вода да стојат цела ноќ. Пред конзумирање се грее течноста и се пие по три чаши на ден. Незагреаниот чај се користи против кожни проблеми.

И листовите се корисни. Се прелива лажичка исушени листови од дуња со половина литар врела вода. Се цедат и чајот се пие после 30 минути. Оваа течност помага при проливи на деца и бебиња.

Суровата дуња не се јаде поради рапавата структура. Ако стои долго на топло, може без проблеми да се јаде. За да стои подолго, се чува во фрижидер или на ладно место.

Од дуњата се подготвуваат мармалади, џемови, компоти, желе, сок, колачи, салати и сосови.

Loading