Пастата за заби не е наменета само за нега и грижа на забите, туку и за други намени.
Брзо и ефикасно ги отстранува гребнатинките од кожните чевл, ако со мека крпа се трие површината на обувките.
Ако клавишите на клавирот станале жолти, се чистат со четка и паста. Остатоците се бришат со влажна крпа.
Талогот на металот лесно се отстранува со паста за заби, и тоа без оштетување на апаратите за домаќинство.
Да блеска накитот како денот кога се купил, се зема стара четкичка за заби, се стиснува паста и се чисти накитот.
Се става малку паста на детските садови замирисани на непријатна арома и добро се тријат ѕидовите. Потоа се плакнат со вода.
Пастата за заби служи и за чистење и сјај на на бањата. Светнуваат и лавабото, и кадата. Бонус е отстранување на непријатниот мирис од одводот.
Отстрање на детско ,,уметничко дело,, на ѕидот е можно со паста за заби и крпа. Пастата ги отстранува трагите од мастило.
Траги од кармин се чистат ако се стисне малку паста на дамката и ако се трие енергично со крпа.
Пастата ги суши акните и го намалува црвенилото на лицето. Нужна е внимателност на осетлива места, оти може да предизвика иритација.