ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Глава 1         

tome

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова  цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

(4)

Ристе носеше бели волнени чорапи до колена со врвци. Таков психолог, спреман психички, навидум ги познаваше луѓето, од каде се и по име како се викаат. Марулските регрути Благоја Велјаноски и Блаже Танески ги мобилизирале во 10 – тата МНОУБ, а нивни командант бил Методија Попоски Мајко, прилепчанец. Заедно со бонечките, подмолските и лопатичките регрути биле повеќе од околните села во истата бригада. Откако ги мобилизирале и распоредиле новите борци партизани, кој во која единицаа ќе служи, бригадите си заминале, секоја на својот одреден терен.

Благоја и Блаже имале разговор со војникот кадинецот Милан кој искажал голема задоволност према командантот Дончо Темелкоски, дека му дал дозвола да ги посети своите роднини и родната куќа на неговата мајка Кита. Кита е ќерка на Гулабоски Стеван од с. Марул. Со посетата на Милан на своите роднини Стевановци, Новачевци и Велјановци се запознал и со Танеските лица во одборот, Мице и Крсте се светијовани со Гулабовци, Новачески Јован му е втор братучед. Веќе го имал гледано Милан Василоски кој се борел на разни селски верски празници, исто така на прилепскиот панаѓур. Непобедливи борачи со Борис Макала од с. Големо Коњари на сите борилишта. На 17. 09. 1944 г. селскиот кмет Танески Мице и одборо за позадина Јованоски Тодор, Новачески Јован, Танески Крсте, одборо на АФЖ, Василоски Милан Борачо собрале уште еден магарешки товар од хуманитарни работи за Бригадата. Го позајмиле магарето од Јованоски Јован, го товариле магарето и го ангажирале неговото дете, четиринаесетгодишниот Душан да го отера товарот во с. Бонче и назад да го врати магарето дома во с. Марул. Селскиот одбор се одлучил на Душан од страв, ако биди повозрасно лице да не биди задржано и мобилизирано за војник за да не биди одборот означен како дволичен кодош.

Утрото со товареното магаре тргнал за Бонче по истото патче од каде што одела и Бригадата, кога дошол Душан на брегот кај плочите забележал по патот Подмол – Бонче неколку запрежни коњски коли кои оделе за с. Бонче. Сигурно и тие носеле некоја хуманитарна работа за Бригадата. Душан во Бонче отишол право кај тетин му Блаже Луко. По кратко време дошол селскиот кмет Трајкоски Ордан Топчија и селскиот одбор за позадина однесените работи ги презеле, се ослободил Душан, си тргнал за с. Марул.

Како што кажуваше самиот Душан: Тргнав да си идам, време политички нестабилно. Од пазарите се носат разни информации, можно да се дезинформации, човек верува на се. Да си тргнам за дома по истото патче од каде што идев, да не наиди некоја друга војска да ме забери со се магарето. Штотуку под село во бонечкото дојдов до местото каде се делат патчињата долно и горно за с. Марул без двоумење се одлучив за горното патче. Го зедов горното патче качен јавајќи на магарето до каменот боан слегов од магарето терајќи го пред мене се јавив кај местото венците каде се дели сињоро бонечки со марулскиот, влегов во марулскиот сињор, Марул го гледам пред мене, долу во низината и се ослободив од секакви мисли, некаде кај ужина влегов во нашиот двор многу радосен. Со тоа беше испратена бригадата од нашето с. Марул – рече Јованоски Душан во разговорот.

Глава 2

Втора мобилизација на војници од с. Марул на ден 21. 09. 1944 година.

Со капитулацијата на бугарската царска влада и нејзината војска на 9 септември 1944 година бугарската војска се свртила против дотогашниот сојузник Германија и направила примирје со македонските вооружени сили, партизанските единици за не напаѓање едни против други и слободно враќање на војниците во родните места. Бугарските војници непречено да си одат од Македонија. Како што кажуваат нашите постари командантот на гарнизонот од Битола сето оружје му го дал на партизаните за да си направат своја македонска држава.

Настанала улична борба од една страна бугарските војници со партизаните, со Втората МНОУБ во Прилеп на 9 септември против германските упоришта каде што имало и човечки жртви така што Степаноски Добре од с. Лопатица дошол на пазар во Прилеп со позајменото магаре од братучедот Котески Ванѓел, во тој судир Добре се сокрил под железничкиот мост на градската река. Магарето го фатил рафалот од германскиот митралез и магарето било убиено додека Добре се спасил со помали рани.

Со прекинот на уличните борби во Прилеп, Втората македонска бригада се повлекла со четири ранети борици партизани, го фатила горниот мариовски пат и преку Штавица дошла до средселото во Марул. Бригадата кога го преминувала превојот Мечкоец преслап за Марул била забележана од германските извиднички сили од Прилеп. Германците фрлиле две топовски гранати по бригадата. Едната граната паднала кај кладенецот Павлески, северозападно на 500 метри од с. Марул, а додека втората граната паднала позади камените сопишта позади Горни цуцул на 300 метри западно од марулската црква. Гранативе не направиле никаква штета на нешто што е марулско.

Една група бугарски војници под команда на еден мајор се натовариле на еден камион, го напуштиле Прилеп, вооружени тргнале од Прилеп за да ги пресретнат германските единици кај што се повлекувале преку с. Канатларци ушите марулски за Прилеп. Штотуку дошле бугарските војници до местото Метилајца во штавичкото се сретнале тука и отвориле оган едни на други. Германците го запалиле бугарскиот камион и сите бугарски војници биле истепани на патот до долчето што иди од местото Смесите и Бошкоец.

(продолжува)

Loading