СЕДУММИНА ПРИЛЕПЧАНИ

Осогово

Иако учествува во Третата лига – Исток, екипата на Осогово е привлечна за играчи од другите градови. Во тимот од Кочани моментно се дури седуммина прилепчани: голманот Ѓорѓи Јованоски, бранителите Илија Зероски, Христијан Каралиоски, Петар Маркоски, Стефан Спиркоски, за врска Теофан Илијоски – Кискески и напаѓачот Филип Димоски. Постигнаа четири победи, дома со Кежовица (1-0), Овче Поле Свети Николе (2-0), Малеш Берово (2-1), на гости со Рудар во Пробиштип (1-3). Вчера беше гостувањето на Работник во Лозово, а в недела дома со Брегалница Делчево.

Целта е Втора лига – Исток.

Loading