ГАЃАЊЕ И ДРУЖБА

Стрелаштво

Најстарата, најдолготрајната спортска манифестација во градов е традиционалниот турнир во стрелаштво „Опен Македонија“ се одржа по 31 пат, во организација на СК Херој Прилеп. Покрај домаќинот, учествуваа: Прилеп, Стрелец 09, Охрид, Кавадарци со 30 стрелци кои се натпреваруваа во гаѓање со воздушна пушка – национална програма за пионерки и пионери. Кај пионерките прва е Марија Вангеловска (Охрид) со 177 круга, втора Ирина Јованоска (Стрелец 09) со 172, трета Викторија Трајковска (Кавадарци) со 171, исто колку Ива Маленко (Охрид). Кај пионерите најпрецизен беше Бојан Спасеноски (Охрид) со 178, пред Мартин Ангелески (Х. Прилеп) со 169 и Кристијан Џепароски (Охрид) со 168. По турнирот имаше дружба со ручек.

Желба е в година турнирот да биде меѓународен.

Loading