АМАЛИ ПОД СААТ

Podnozjeto na saatot bilo sobiraliste na amali

Додека младите се собираат крај Саатот, навираат спомени за  просторот што бил собиралиште на амалите. Чекале муштерии и кај споменикот на Итар Пејо. Последниве децении местото го зазедоа современите амали со колички.

Амалите биле моќни да носат пеш, товар од сто кила и на три километри. Биле опремени со самарчиња на плеќи, полни со слама. Точно не е одгатнато како мали луѓе, не многу жилави, носеле големи товари, небаре камења, на плеќи. Им ставале две вреќи цемент, фрижидер. Носеле, без одмор, до Тризла или Варош. Велат дека имало марифет, есапен по формули. Тоа помагало да се растовари тежината на целото тело. Се натокмувал товарот на некој агол, на кој растела моќта за носење. Поголемите товари се носеле со магариња. Со арабаџиски коли, влечени од атови, се пренесувал мебелот за руво.

Исчезнаа амалите. Носачите од чаршијата заминаа во историјата. Дојдоа модерни со безмоторни машини на тркала. Некои продавачи, сега стоките на муштериите им ги носат дома со такси или комбиња.     

Loading