Вели дека човек треба да дава, а тој “ни болеста не си ја дава”.
Х
На непишаните правила не им треба никакво мнозинство.
Х
Истрча стотина метри, а се фали дека победил во маратон!?
Х
Во левата рака книшка од левицата, а во десната од – десницата…
Х
На погрешно поставеното прашање ќе добиете и погрешен одговор.
Х
Ај што цел живот се заспани, ама барем нешто да сонуваат.
Х
Како што црвот го напаѓа најдоброто јаболко, така и неспособните ги напаѓаат најдобрите меѓу нас.
“Д-р Хаџи-Васков”