НОВ, НАДЕЖЕН ПОЧЕТОК

Стадион

Stadion

Фудбалот без стадион не може и затоа радува секоја активност во врска со реновирањето на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,. Претходните денови имало работници, од чие присуство највидлив ефект е исчистениот терен од самоникнатата висока трева што оставаше грда слика. Сега се гледаат донеените купишта песок, кабли-црева… Извесно е дека приоритет на наредните работи ќе биде игралиштето на кое фудбалерите не стапнале две години. Најзагреаните фудбалски вљубеници секој ден нагледуваат што се случува. Ова е нов, надежен почеток.

Оптимистите веруваат дека напролет ќе има тука прволигашки фудбал.

Loading