ПЕРФОРМАНС „СОНУВАЊА ЗА ЗАБОРАВЕНОТО“

Во кино Мис Стон

performans

Мултимедијален концертен перформанс ќе се одржи в понеделник во 20 часот во кино Мис Стон.

Перформансот е насловен „Сонувања за заборавеното”, а ќе настапат Ана Митоска Стојаноска – вокал, Верица Шотаровска – пијано, Катерина Попоска – вокал, Бојана Артиновска – Трпческа – визуелен перформанс, Гоце Секулоски – труба, вокал, Денис Најдоски – пијано. Режисер е Димитар Ѓорѓиевски, а наратор  Милан Секулоски.

Примарно концентриран е на изведбата на класична музика од 17 и 18 век и е дел од манифестацијата Нов културен бран.

Loading