НЕМА ЉУБОВ НИТУ ЗА ГОЛЕМО ОНАКВО

Една богата фамилија имала едно дете машко во умот недо­кас­трено, а во алатот рамно на магаре. Сакале синот, абдал, да го оженат за нај­убавата девојка од соседното село. Таа имала верен сиромав љубовник. Кога разбрал лакомиот татко на девојката дека богата фамилија ја бара ќерка му, се договорил со таткото на абдалот да му ја дај ќерката за синот и да се посватат за еден ѕевгар волови. Откако ја свршил таткото ќерката, покрај плачењата и противењата на мајката, í забранил на ќерка си да се ставува со верниот љубовник. Таткото дал збор и честа не се погазувала, ако треба и во црна земја да влезе жив.

Сватовите со тајфите направиле пиење кај анџијата и ја договориле свадбата. Таткото на абдалот поканил многу свадбари и двој­но свирачи за веселбата, оти ќе ја зема најубавата мома за снаа. Свекорот ја дарувал невестата со златни накити од радост, но  нејзе и било како ладно железо што í тежело на душата. Свекоро радосен како лакомиот татко на невестата што ја про­дал најубавата мома за ѕевгар волови.

Роднините на невестата биле лути, оти татко í го продал чедото за па­ри Малку роднини дошле на радоста. Откако завршиле свадбените адети, свадбарите тргнале со невестата кај зетот. На пат ја гледал верниот љубовник, со тажно и на­сол­зено лице. Срцето оган му го горело од јад. И невестата ронела река солзи.  

Веселбата продолжила со домаш­ни­те церемонии кај зетот. Сите се веселеле, пиеле, јаделе, а само невес­тата мислела како да откини од канџите на несаканиот маж. Кога дошло време да си легнат младите, абдалот – зет, го испрчил и скорнал онаквото да ,,игра,, со невестата. Кога таа го видела алатот му рекла:

– Тоа што го имаш нема место кај мене. Речи му на мајсторот да ти го намали!

Абдалот отишол кај татка си, каде што седел на чело, и му го спружил на алатот на масата.

– Татко, што да правам? Го неќи.

– Држ ја синко, оти воловите ги дадов за неа!

Дошле и мајката на невестата и верниот љубовник. Тропнале на пенџе­ре­то кај ќер­ка си и девојката си. Невестата видела дека ја чекаат, ј за­клу­чила вра­тата на одајата. Го врзала појасот за креветот и го пропуш­тила низ пенџерето. Го оставила накитот, ја изгаснала ламбата и се пуштила гола. Тројцата се качиле на коњот и побегнале кај верниот љубовник.

Се вратил абдалот. Тропнал на вратата, ама ни­кој не му отворил. Се вратил кај татко му намур­тен.

– Татко, невестата не отвора.

Татко му со големиот девер, тропнале на вратата и никој не отворал. Ја отвориле насила.  Во темнината светкал само златниот наки­т. На пенџерето го нашле појасот. Свадбарите онемеле. Понижени  и насрдени дека невестата им е украдена, ги јавнале коњите, ги зеле ножовите и камите и отишле во нејзиното село. Слушнале свирка, музика и тапани во куќата на љубовник каде имало свад­ба до последниот човек од селото, освен незиниот татко и.

Мајка оро водела, а во куќата оган гори во чест на крва­во­то здолниште што невестата била верна на саканиот.  На абдалови свадбари  им кажеле да не ја бараат селската убавица. Утрото, мајката на навестата со сите селски свадбари отишле да му ги простат гревовите на татко í, кој по неколку дена ги вратил парите земени за ѕевгар волови

Loading