ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ НА ЦСЛУ

Вечерва (петок) од 20 часот во ЦСЛУ ќе биде отворена изложба на дела создадени на годинашните интернационални работилници. Воедно ќе се одржи и презентација на јубилејниот каталог 55 години Интернационален скулпторски симпозиум во мермер. Ќе бидат изложени 20 слики и скулптури од дваесетина уметници од земјата и од странство. Изложбата ќе ја отвори заменик министерот за култура Владимир Лазовски.

Таа е во рамките на првиот фестивал „Со Марко на улица” што започна вчера, а е во организација на ЦСЛУ, поддржан од Министерството за култура и Општина Прилеп, што се планира да биде традиционален.

Loading