КОМЕДИЈАТА „ОД ДВЕ МАЈКИ БРАЌА“ ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ

MANAKI BRADERS PLAKAT

„Од две мајки браќа“ е комедијата што ќе биде прикажана вечерва од 20 часот во кино Мис Стон.

„2 MOTHERS BROTHERS“ (што го поставува прашањето што правел во меѓу време таткото) е комично кабаре составено од динамичното дуо Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Се работи за 75 минути  жестока комедија која се исмева со сите оние кои се обидуваат да забранат слободно да се говори, истото збогатено со авторски песни и пародија на познати песни.

Loading