СЛУШАА ПРЕНОС И – НЕ ДИШЕА

Историја

Се паметат и најситните детали од клучните натпревари на Победа. Таков е од 1 јули 1979 година, во последното коло од Републичката лига. Само триумф во Скопје над Југококта (денешна Македонија ЃП) даваше пласман во Втората југословенска лига. На стадионот во Ѓорче Петров рекордна посета – 7000 гледачи, од кои можеби половината беа прилепчани. Тие беа сведоци на драматиката: водечкиот гол на З. Конески, израмнувањето, победоносниот од корнер на Црвески. До крајот беа мачни 7 минути. Мачни за нив, а уште помачни за навивачите кои останаа во Прилеп, кои го следеа мечот 11 Октомври – Победа В. (3-1), а беа околу 2000. Слушајќи радио-пренос ги броеја секундите, исчекуваа крај, а тој никако да дојде од  устата на репортерот Стевковски. ,,Нафрлена топка, критична ситуација пред прилепскиот голман Тодороски… Голот е празен…,, и – што се случува? Нема глас, нема епилог. Навивачите, собрани во купчиња околу транзисторите, престанаа да дишат. Без воздух дочекаа да слушнат ,,Опасноста е отстранета и – крај 1-2. Победа е второлигаш!,,.

Настапија:  Тодороски, Николоски, Атанасоски, Глушески, Мечев, Р. Ѓорѓиоски, Црвески, Котески (Василески), З. Конески (Илиески), Сусулески, Настоски, а тренер беше М. Крстески.

Loading