РУСИТЕ ДОМИНАНТНИ

Спортско воздухопловство

vozduh

Во организација на Фил феникс, предводен од директорот Здравко Тодороски и ВФМ на Спортскиот аеродром се одржаа два светски купа во слободнолетечки модели – Трофеј на Прилеп и Куп на Македонија. Во рамките на првиот редоследот е следниот: во Ф1А, Македонецот Гоце Јосифовски беше 10-ти, во Ф1Б, Ивонински од Русија, Климент Масин од Македонија и Солодов од Русија, во Ф1Ц нашиот Коста Стојановски беше шести, во Ф1Г Веселиновиќ од Србија, Шелепов од Црна Гора и Петар Цветановски од Македонија, во Ф1Х Минев и Пејкова од Бугарија, Филип Срјеница и Цветановски од Македонија. Вториот ден беа истите категории. Во Ф1А успехот го повтори Русинот Горски, во Ф1Б триумф на нов Русин, Горбах, во Ф1Ц најгоре се искачи Словенецот Сихов, во Ф1Г Црногорецот Шелепов е пред нашиот Цветановски, додека во Ф1Х пак Бугарите,  Минев пред Пејкова. Според бројот на натпреварувачи највредни се мадалите во Ф1А (првиот ден беа 36, вториот ден 33). Нашите пак  се покажаа кај јуниорите – вториот Зоран Петрески и третата Анастасија Пожарска во Ф1А, третиот Александар Цветаноски во Ф1Б, вториот Филип Срјеница и третиот Петар Цветановски во Ф1Х,.

Организаторотот беше домаќин на 80 пилоти од 10 држави.

Loading