ПОРАЗ ВО ОДЛИЧНА ИГРА

Ракомет

Женскиот состав на Деспина одлично одигра против фаворитот Вардар, но загуби дома со 29-31. Прилепчанките со голема борба на паркетот заслужија да победат, барем да земат бо. Сепак останаа со празни раце. Имаа неколкупати водство, последното со 20-18, потоа и играч повеќе на паркетот. Поразот боли, но играта ветува. Следен меч е во Гевгелија.

Машкиот Прилеп загуби планирани бодови во Скопје (29-28) од Вардар јуниор, а наредниот натпревар е дома со аутсајдерот Радовиш.

Loading