ЧЕКОР ПРЕД ВРЕМЕТО

Женски фудбалски клуб Прилеп

По пауза од три години под заложба на Марјан Стојкоски, член на УО на ФФМ и претседател на ОФС, се возобнови женскиот фудбал во градов, со формирањето на ЖФК Прилеп. Тоа го заслужи најфудбалскиот град во државата. Покрај пријателски, одиграни се 5 првенствени средби. По двата пораза на почетокот (од фаворитите Тиверија 0-6 и Јунајтед 1-3, наредени се убедливи победи врз Борец со 0-6, Тетово 5-2 и Плачковица 0-9).

Покрај играта на теренот, внимание заслужува прекрасниот однос кон противникот. Како клубот да е чекор пред времето. Еве ја порака на фејсбук-страницата по мечот со Тиверија: Честитки за ЖФК Тиверија од Струмица за заслужената победа на денешниот натпревар од 1 коло. Исто и по триумфот врз Плачковица: Одличен натпревар во кој квалитетот и искуството беше на наша страна, така што убедливо ја совладавме Плачковица, на која и посакуваме успех во иднина.

Пртседател е Славчо Ѓорѓијоски, тренер Јовица Блажески, генерален спонзор – Витаминка.

Loading