НОВ ДЕКАН И НОВА ГЕНЕРАЦИЈА СТУДЕНТИ

Започна академската година на Економскиот факултет

Dekan n aEF

Новата, 58. генерација студенти на Економскиот факултет ги почна студиите. Атрактивните студиски програми се прилагодени на потребите на стопанството. Економскиот факултет ги отвори вратите за бруцошите. Првиот академски ден беше и прв работен ден за новиот декан на факултетот, проф.д – р Драгица Оџаклиеска. 

– Ја примивме новата генерација студенти, кои во наредните 4 години ќе стекнуваат знаења од областа на економската наука, менаџментот, бизнисот и информатичките технологии. Економскиот факултет 6 децении континуирано ги развива своите потенцијали, вградувајќи ги достигнувањата на економската наука во едукативниот процес. Студиските програми се атрактивни и прилагодени на потребите на стопанството. Наставниот кадар целосно е посветен на усовршување на знаењата на студентите, со примена на најсовремени наставни методи – изјави проф.д-р Оџаклиеска.

Nastaven kadar

Ректорот на Универзитетот „Климент Охридски”, проф. д-р Сашо Коруновски, изрази надеж дека сите студенти ќе бидат задоволни од трудот и напорот на целиот универзитетски кадар.

– Општествено одговорни сме било преку образувањето кадри или со поврзувањето со други институции, како бизнис секторот. Затоа заеднички треба да направиме овие млади луѓе да ја добијат својата заслужена перспектива – вели ректорот проф. д-р Коруновски.

Ивана Сурлаџиоска е студент на трета година на насоката „Меѓународна економија и бизнис”. Таа планира да се вработи во компанија по завршувањето на Економски факултет. Верува дека во Македонија се регистрираат потенцијалите на добрите студенти, па полесно ќе стигне до првото работно место. Во подалечна иднина сонува  да основа своја фирма и верува дека успешно ќе ја раководи.

Како директор во компанија, по завршување на Економски факултет, смета дека ќе биде вработен и студентот Ѓорѓија Стојаноски.

Studenti

– Бидејќи мојата насока е менаџмент маркетинг, се гледам како раководител во некоја фирма. Искрено би сакал да работам во моја фирма, но тоа сепак откако ќе стекнам одредено искуство – рече Стојаноски.

Градоначалникот Илија Јованоски го честиташе првиот академски час на бруцошите на Економскиот факултет.

Loading